Tpaгeдиja вo Македонија: Млада жeнa пpoнajдeнa мpтвa пoкpaj викeндицa вo Охрид
03/05/2021 10:43Безживотно тело на женско лице е пронајдено денеска во близина на викенд-куќа крај стариот пат што води од Охрид кон Струга.
Првичните непотврдени информации укажуваат дека се работи за женско лице на возраст од триесеттина години, а телото е пронајдено на потегот спроти Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“.
Екипа на крим-техника на полицијата врши увид на лице место, по што ќе бидат соопштени повеќе информации за околностите и причините за настапувањето на смртта.






