MKinformer

your daily dose of news

Гостивар ја разоткри лагата за вечните жртви

19/07/2026 15:11

ВОДАТА ВО ГОСТИВАР НЕ ГО ПОКАЖА САМО ОТРОВОТ ВО ВОДОВОДОТ, ГО ПОКАЖА И ОТРОВОТ ВО ПОЛИТИЧКО ЕТНИЧКИОТ НАРАТИВ

Постојат моменти кога една криза ја руши секоја политичка пропаганда. Загадената вода во Гостивар е токму таков момент.

Ова што се случува денес не е последица на една грешка. Не е резултат на еден директор, еден градоначалник или една лоша одлука. Ова е производ на 35 години локално управување, во кое речиси без прекин власта беше во рацете на албанските политички партии.

И токму затоа, овој пат нема простор за етнички спинови.

Со години, кога во јавноста ќе се отвори случај во кој обвинет или осуден е Албанец, албанската политичка сцена и дел од јавните гласноговорници речиси по автоматизам настојуваат приказната да ја претворат во етничко прашање.
Наместо да се разговара за лична или институционална одговорност, често се создава впечаток дека причината е тоа што некој е Албанец. Наместо фактите, во прв план се става етничката припадност.

Но, денес тој наратив не може да помине.

Кој управуваше со Гостивар речиси три и пол децении?

Кој ги именуваше директорите на јавните претпријатија?

Кој ги контролираше буџетите?

Кој беше одговорен за водоводот?

Кој одлучуваше дали ќе се инвестира во модерна препумпна станица или ќе продолжи импровизацијата?

Одговорот е добро познат.

Ако истрагата покаже дека со години водоводниот систем бил дополнуван со вода од Вардар без соодветна инфраструктура и безбедносни стандарди, тогаш тоа не е дело на „Македонците“, ниту на централната власт. Тоа е последица на локалното управување, кое со децении беше во рацете на политички претставници на албанските партии, избрани од мнозинството албански граѓани во Општина Гостивар.

Затоа, овојпат нема простор повторно да се слушне старата приказна дека „Македонците им направиле нешто на Албанците“.

Не. Ако се докаже дека системот бил небезбеден, тогаш одговорноста ќе биде таму каде што била и власта.

Не кај Македонците.

Не кај некој министер во Скопје.

Не кај државата како апстрактен поим.

Туку кај оние што 35 години управувале со Гостивар и имале законска обврска да обезбедат исправна вода за своите граѓани.

Најстрашното во целата приказна е што многумина не се ни изненадени. Со години кружат приказни дека во критични периоди системот се дополнувал со вода од Вардар. Ако тоа навистина било пракса, тогаш не може никој да ме убеди дека никој не знаел.

Знаеле директорите.

Знаеле градоначалниците.

Знаеле локалните служби.

Знаеле локалните институции.

Само никој немал храброст или желба конечно да стави крај на таквата практика.

И денес, цената ја плаќаат Гостиварчани со своето здравје.

Во Македонија премногу често политиката се обидува секој проблем да го претвори во етнички конфликт. Наместо да се бара виновникот, се бара етничка приказна. Наместо да се утврди одговорност, се мобилизираат емоции. Така вистинските виновници остануваат во сенка, а јавноста повторно се дели на „наши“ и „ваши“.

Но загадената вода нема националност.
Бактеријата не прашува дали некој е Македонец, Албанец, Турчин или Ром.

Таа ги труе сите подеднакво.

И токму затоа, кога станува збор за здравјето на луѓето, етничките изговори престануваат да вредат.
Ако оваа држава сака конечно да покаже дека има правен систем, тогаш истрагата мора да оди по принципот на каузалитет, од последниот потпис, назад до првиот што дозволил ваквата практика да стане нормална. Да се утврди кој одобрил, кој премолчел, кој не реагирал и кој со години знаел дека постои ризик, а ништо не презел.

Бидејќи најлесно е секојпат да се каже дека некој друг е виновен.

Но овојпат тоа нема да помине.

Овојпат нема простор за етнички спинови.

Нема простор трагедијата повторно да се претвори во приказна за „дискриминација“.

Ако фактите го потврдат она што со години се зборува, тогаш ова нема да биде приказна за Македонци против Албанци.

Ќе биде приказна за тоа како едно долгогодишно локално владеење дозволило граѓаните да се прашуваат дали водата што тече од нивната чешма е безбедна за пиење.

И тоа е прашање на одговорност, а не на етничка припадност.

Бидејќи народите не ја трујат водата.

Тоа го прават неодговорните луѓе, поставени на функции без стучност, туку само со етничка припадност и политичка книшка.

Пишува
Борислав Стоилковиќ

error: Содржината е заштитена од копирање !!