Детали од физичката пресметка во Струмица – едно лице уапсено, друго во бегство
27/07/2025 17:40
Според официјално соопштение од СВР Струмица, во физичка пресметка што се случила неодамна учествувале С.А. (49) од Струмица и Ќ.Д. (32) од Штип.
„С.А. е пронајден и лишен од слобода. Со него е извршен службен разговор во просториите на СВР Струмица,“ се наведува во соопштението.
Другиот учесник, Ќ.Д., по инцидентот се дал во бегство, по што е распишан централен распис за негово пронаоѓање.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негови насоки полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.
Против вклучените лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира СВР Струмица.






