MKinformer

your daily dose of news

Секоја чест за Република Чешка!

30/07/2025 9:02

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка,  вчера попладне пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје и од денес ќе се вклучи во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Готен, од беровската страна.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека хеликоптерот располага со ведро кое носи 3,4 тони вода, и дека неговата ангажираност ќе започне уште наутро.

Покрај чешкиот екипаж, во Берово се очекува да пристигнат и 62 пожарникари од Словенија, заедно со 18 специјализирани противпожарни возила.

Секоја чест за Република Чешка! Исто така секоја почит и за Словенија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!