Стружанец фрлил марихуана под автомобил при контрола на полицијата
01/08/2025 20:05
На 31-ви јули 2025 година, во 22:00 часот на улица „Боро Шаин“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 30-годишно лице од Струга, а на разговор во ОВР Струга биле повикани уште две лица од Струга, на возраст од 23 и 17 години.
– При контрола и преземање мерки на улицата, полициските службеници забележале дека 30-годишното лице под паркиран автомобил фрлил марихуана, која била одземена за понатамошна постапка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.






![Мафијашка пресметка во Битола: Фрлена бомба пред куќата, па запален дуќанот на висок полициски службеник policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)