(Видео)ТРАМП: Ако на изборите победи Бајден, Америка ќе стане како Венецуела
18/08/2020 12:04Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека САД можат да се претворат во Венцуела ако на претседателските избори победи кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден.

„ Ова се најопасни избори од сите што сме ги имале, бидејќи мислам дека никогаш нема да закрепнеме, ако демократите победат. Ќе бидеме втора Венецуела. Претходно кажував дека, најверојатно, така ќе биде. Сега сум сигурен, бидејќи тоа е истата идеологија. Ќе бидеме втора Венецуела ако победат тие“ рекол Трамп во Висконсин.
На истиот собир Трамп го нарекол рускиот лидер Владимир Путин шахист од светска класа.
Во САД моментално е во полн ек претседателската кампања. Според последните анкети, двајцата кандидати имаат приближно иста поддршка.






