ОД ДЕНЕС КОСОВО СО ЗАОСТРЕНИ МЕРКИ ПРОТИВ ЕПИДЕМИЈАТА НА COVID-19
02/11/2020 7:47Косовските здравствени власти одлучија да ги заострат мерките за заштите од ширењето на епидемијата на Ковид-19, откако минатите денови беа забележани рекордни бројки на новозаразни од коронавирусот.
На јавните и приватните институции им се наложува да го редуцираат персоналот, со тоа што оваа мерка не се однесува на безбедносните и здравствени институции.
Меѓу останатите мерки е и обврската на државните и приватните универзитети наставата да ја спроведуваат исклучиво онлајн.
Земај информира дека овие мерки ќе се анализираат во наредните две недели, по што истите може да бидат преиспитани и ревидирани.
Вкупно досега, според официјалните статистики на косовските здравствени власти, вирусот е откриен кај 20.179 лица тестирани со методот РТ-ПЦР.
Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, досега починале 688 заболени, додека заразата ја совладале 15.611 лица кај кои претходно бил откриен вирусот.
Активни заболени од Ковид-19 во Косово моментно, според официјалните податоци, се 3.880 лица.





