MKinformer

your daily dose of news

ТРАМП: ВОДАМ ВО ФЛОРИДА И ВО ДРУГИ КЛУЧНИ ДРЖАВИ

03/11/2020 20:41

Американскиот претседател Доналд Трамп на своите приврзаници им даде ажурирани информации за претседателската трка, велејќи дека добил добри вести од голем број на клучни држави.

– Дознав дека многу добро се држиме на Флорида, многу добро се снаоѓаме во Аризона, неверојатно добри сме во Тексас. Слушам дека добро ни оди насекаде. Мислам дека ќе имаме одлична ноќ и што е уште поважно, ќе имаме одлични четири години, рече Трамп обраќајќи се пред своите приврзаници во изборниот штаб во Арлингтон, Вирџинија.

Право на глас имаат околу 240 милиони Американци. До пладне гласаа повеќе од 99 милиони Американци, што е над 40 отсто од гласачкото тело.

error: Содржината е заштитена од копирање !!