MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Тепачка во косовскиот парламент

19/11/2020 18:27

Неколку членови на Парламентот на Косово денеска физички се судрија за време на седницата на која се разговараше за исчезнатите лица.

Според медиумите, ситуацијата се затегнала непосредно пред крајот на седницата, додека пратеничката на Самоопределување, Сарада Богујевци, која беше иницијатор на седницата, се обраќаше на говорницата.

Заменичката на претседателот на Собранието на Косово, Арберија Нагавци, неколкупати ги предупредуваше пратениците да седнат за да продолжи седницата.

Вербалниот конфликт сепак прерасна во физичка пресметка.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

error: Содржината е заштитена од копирање !!