ШТО ПРАВЕЛ ТРАМП ОД ДЕНОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ?
24/11/2020 15:31Анализата на јавните настапи на американскиот претседател Доналд Трамп откако изгуби на претседателските избори на 3 ноември беше објавена од весникот „Њујорк Тајмс“.
Меѓу 4 ноември и 22 ноември има 11 дена од 19 во кои Трамп немал јавни или официјални обврски. Во тој период, тој имал прес-конференција на 5 ноември, присуствувал на церемонија на гробиштата Арлингтон на Денот на ветераните, за време на брифинг во Белата куќа откри детали за операцијата „Warp Speed“ во борбата против коронавирусот и коментираше за цените на лековите. Американскиот лидер исто така учествувал на виртуелен состанок со азиските лидери, кратко се приклучи на виртуелниот самит Г20 и двапати ручаше со Мајк Пенс.
Трамп во тој период шест пати играл голф. Весникот ги анализира и пораките на милијардерот на Твитер. Во последните три недели, шефот на американската држава имал 550 објави, од кои околу три четвртини биле обид за поткопување на резултатите од претседателските избори.

![Трамп најави нов самит на Г20 во својот имот во Флорида: „Би сакал и Путин да дојде“ tramp-1-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/tramp-1-11.jpg)




