Британија ќе почне со вакцинирање против ковид-19 следната недела
02/12/2020 14:08Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека програмата за вакцинација против коронавирус ќе започне следната недела и дека британските болници се подготвени за тоа.
Тој додаде дека до крајот на годината се очекуваат милиони дози вакцина против коронавирус.
Хенкок како гостин во програмата на „Би-би-си“ објави дека вакцината ќе ја прими во живо пред камера.
Тој рече дека вакцината е зора на хоризонтот и дека при вакцинацијата ќе има приоритетни групи, засновани на клиничките потреби.
Хенкок потсети дека минатиот месец изгубил еден член на семејството кој починал од последиците на коронавирус и дека болеста не е наивна.





![Џaбe бoцкaњe...: 9.000 лицa вo Гepмaнијa нaмecтo co вakцина ги бoцнaлe co coлeн pacтвop… korona-germanija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/korona-germanija1.jpg)
