По падот на Трамп илјадници мигранти од Хондурас се упатија кон границата со САД
17/01/2021 9:33Илјадници мигранти од Хондурас во колони тргнаа кон американските граници надевајќи се дека новиот претседател, Џо Бајден, ќе ги отвори за нив.
Мигрантите очекуваат пријателски пречек од новата американска администрација и исполнување на предизборните ветувања дека ќе се променат имиграциските закони донесени од Трамп.
Полицијата во Хондурас се обидува да ги сопре разулавените маси луѓе.
Според проценките, во Америка тргнале над 9.000 мигранти.





