MKinformer

your daily dose of news

(Фото)Раперот Лил Узи Верт си вгради дијамант во челото

05/02/2021 14:55

Американскиот рапер Лил Узи Верт го исполни ветувањето, си вгради дијамант во челото.

Тој неодамна на својот Твитер налог објави дека веќе неколку години штеди за дијамантот чија цена е околу 24 милиони долари.

Раперот објави фотографија на која напиша „Време е“, најавувајќи дека навистина ќе го вгради дијамантот во чело.

Многумина, на социјалните мрежи, се сомневаа дека тоа навистина ќе го направи, но изгледа дека раперот си го одржал зборот, како што може да се забележи по фотографијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!