Млaдa дeвojкa пo гpeшкa пpимилa шecт дoзи oд вaкцинaтa нa „Фajзep“ – еве во кaквa cocтojбa ce нaoѓa
10/05/2021 12:22Една 23-годишна Италијанка била под надзор во болница во Тоскана откако по грешка примила шест дози вакцина на Фајзер/БиоНТек, објави денеска агенцијата АГИ.
Девојката била во добра состојба откако примила течности и парацетамол по инјекцијата во неделата.
Наместо да инјектира само една доза во раката на студентката, медицинска сестра по грешка и го вбризгала целото шишенце, што е еквивалентно на шест дози.
Претходни студии за испитување на предозирање со вакцината на Фајзер беа ограничени на четири дози, пишува АГИ. Инцидентот бил пријавен кај италијанскиот регулатор на лекови.
Предозирања со вакцината на Фајзер/БиоНТек претходно беа пријавени во САД, Австралија, Германија и Израел.


![Џaбe бoцкaњe...: 9.000 лицa вo Гepмaнијa нaмecтo co вakцина ги бoцнaлe co coлeн pacтвop… korona-germanija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/korona-germanija1.jpg)



