MKinformer

your daily dose of news

И официјално: ЕK одобри употреба на „Фајзер“ кај деца на возраст од 12 до 15 години

31/05/2021 17:48

Европската комисија одобри употреба на вакцинаta на „Фајзер/БиоНТек“ кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Земјите-членки на ЕУ сега можат да одлучат да ги прошират своите програми за вакцинирање, вклучително и кај деца и тинејџери. Секоја доза е важна за да се стави крај на кризата – изјави комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидис.

Минатата недела Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло за употреба на „Фајзер/БиоНТек“ кај деца на возраст од 12 до 15 години. Оваа вакцина е веќе дозволена за употреба кај оваа возрасна група во САД и Канада.

error: Содржината е заштитена од копирање !!