Македонија на Европско: Македонските фудбалери со убедлива победа над Казахстан
04/06/2021 18:10Македонските репрезентативци доминираа на теренот на Националната Арена „Тодор Проески“, и успеаја да постигна четири гола. Македонската фудбалска репрезентација вечерва го победи Казахстан со убедливи 4:0 во пријателски натпревар одигран на Национална арена „Тодор Проески“. Стрелци на головите беа Езгјан Алиоски, Иван Тричковски, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов.
Првиот гол, Македонија го постигна во 35 го постигна Алиоски од пенал. Во второто полувреме, голови постигнаа Тричковски, Ристовски и Чурлинов.
Со оваа победа Македонија патува во Букурешт каде на 13 јуни против Австрија ги очекува историскиот настап на ЕП.


![Победа за Македонија: Македонската фудбалска репрезентација се пласираше во бараж натпреварите за пласман на СП во Катар 2022 Navivaci-makedonska-reprezentacija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/Navivaci-makedonska-reprezentacija1.jpg)



