MKinformer

your daily dose of news

(Фото) Трпчевски со поддршка за македонските фудбалери, одржа концерт во дресот на репрезентацијата

16/06/2021 20:30

Македонскиот виртуоз на пијано, Симон Трпчевски, денес одржа концерт во Букурешт. На концертот, во знак на поддршка на македонската репрезентација која настапува на Европското првенство во фудбал, Трпчески го носеше дресот на репрезентацијата.

Mакедонската фудбалска репрезентација за прв пат настапува на Европското првенство во фудбал. Досега одигра еден натпревар, со Австрија, а утре треба да си ги одмери силите со унгарската репрезентација.

error: Содржината е заштитена од копирање !!