ФФМ co вaжнa инфopмaциja зa нaвивaчитe пpeд нaтпpeвapoт co Украина – eвe зa штo ce paбoти
16/06/2021 12:21
Фудбалската федерација на Македонија објави нова информација за навивачите на македонската репрезентација.
– Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден, велат од ФФМ.
Македонија утре со почеток во 15 часот ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство против селекцијата на Украина.






