Се огласи Пандев: Жaл ми е што го изгyбивме натпреварот, верував дека можеме барем до бод пpoтив Украина
17/06/2021 20:54Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, по денешниот пораз (1:2) од Украина рече дека за добар резултат не се доволни добри само 45 минути.
– Треба да играме цел натпревар како што игравме во второто полувреме. Жал ми е што го изгубивме натпреварот. Се надевав дека можевме барем до бод. Бевме малку во грч. Кога примивме гол, како да се опуштивме и почнавме да играме. Ние на ова ЕП нема што да изгубиме. Ние со самиот пласман направивме нешто големо. Сега треба само да излеземе на терен и да дадеме максимум. Нашите навивачи и денес покажаа дека се со нас и со аплауз не испратија на крајот. Со Холандија да се обидеме од почеток да одиграме како што знаеме, истакна Пандев.
По две кола „црвено-жолтите“ се без бод и само со теоретски шанси за 3. место во Ц-групата и пласман во следната фаза.





![Победа за Македонија: Македонската фудбалска репрезентација се пласираше во бараж натпреварите за пласман на СП во Катар 2022 Navivaci-makedonska-reprezentacija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/Navivaci-makedonska-reprezentacija1.jpg)