Земјотрес со јачина од 4,6 степени ја погоди Грција
18/06/2021 18:35Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва ја погоди Грција.
Епицентарот бил на длабочина од 80 километри, 50 километри југоисточно од грчката населба Лардос и 244 километри југоисточно од Ајдин во Турција.
Засега нема информации за штета и повредени.




