Германија ја стави Грција на црвента листа поради алармантниот број на зaболени
16/07/2021 21:21Германија ја идентификува Грција како ризична земја што се однесува на епидемијата на коронавирусот, објави Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), што значи дека сите туристи од Грција, како и германските државјани што се враќаат од таа земја, ќе мора да имаат негативен тест за да избегнат карантин.
Холандија е исто така на црвената листа.
Грција во понеделникот воведе обврска за вакцинирање на здравствените работници и негувателите во старските домови откога во екот на туристичката сезона се зголеми бројот на новозаболени лица.
Само вчера Грција потврди 2.794 лица заразени од Ковид-19.



![Утpoвo cтaпиja на cилa нoвитe мepки вo Грција – eвe штo тpeбa дa знaeтe plaza-grcija-korona-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/plaza-grcija-korona-11.jpg)
