MKinformer

your daily dose of news

Пoчинa Мирослав Лазански, aмбacaдop нa Србија во Русија

04/08/2021 9:17

Амбасадорот на Србија во Русија Мирослав Лазански починал ненадејно во 71. година, потврдија за агенцијата ФоНет од Министерството за надворешни работи, објавија српските медиуми.

Лазански беше писател, новинар и воено-политички коментатор.

Беше роден на 18 септември 1950 година во Карловац.

Напиша седум книги и автор е на десетина телевизиски серијали.

Известуваше од војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, Либан, ирачко-иранскиот судир, потоа за време на операцијата Пустинска бура, за војните во Босна и Херцеговина, Словенија, Косово и Метохија, Либија.

Беше именуван за амбасадор на Србија во Москва во јули 2019 година.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати телеграма со сочувство до семејството на Мирослав Лазански.

error: Содржината е заштитена од копирање !!