MKinformer

your daily dose of news

Руската морнарица ќе добие три нуkлеарни подморници

09/08/2021 18:30

Руската морнарица ќе добие три нуклеарни подморници до крајот на годината.

Како што соопштил анонимен извор за „Спутник“, станува збор за стратешката подморница „Кнез Олег“ (проект 955А, „Бореј-А“), повеќенаменската „Новосибирск“ (проект 885М, „Јасењ-М“) и носачот на беспилотни летала „Посејдон“ / „Белгород“ (проект 09852).

Според изворот, „Кнез Олег“ ќе биде предадена на воената флота во септември оваа година, „Новосибирск“ во декември, додека „Белгород“ ќе заврши со тестирање до септември годинава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!