MKinformer

your daily dose of news

Ceкoja чecт мajcтope: Македонија имa jyниopcки eвpoпcки шaмпиoн вo кapaтe

21/08/2021 20:31

Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ забележа огромен успех и се закити со златниот медал на Европското првенство (ЕП) за кадети и јуниори кои се одржува во Тампере, Финска.

Стојановиќ стана европски шампион во категоријата над 76 килограми, а во финалето успеа да слави над ривал од Италија. Македонецот беше подобар од Матео Аванцини, кого го доби со 5-4 на поени.

Младиот спортист претходно забележа уште пет победи на патот до финалето.

error: Содржината е заштитена од копирање !!