Инцидeнт во Врапчиште: Нaместо телото на нивната почината мајка, им испратиле тeло на нeпознaт маж
25/08/2021 21:36Невообичаен случај се случил денеска во селото Врапчиште. Едно семејство наместо телото на нивната почината мајка, добило тело на непознат маж, јавува репортерот на ТВ21 од терен.
Семејството за ТВ21 вели дека откако го прифатиле телото, забележале дека наместо нивната мајка, во ковчегот се наоѓа тело на непознат маж, па затоа се упатиле кон Инфективната клиника во Скопје, каде починала жената.
По повеќечасовно барање, телото било конечно пронајдено во Гостивар, каде по грешка било испратено од болницата.
Случајот во кој беа измешани две тела ги шокираше жителите на Врапчиште.
Министерството за здравство информира реагираше на објавените информации дека ниту една здравствена установа во државата, ниту КИБФС не направила таква грешка. Сите болници и ковид центри во целост го почитуваат протоколот за постапување со тела на починати лица во болнички услови сомнителни или потврдени на Ковид 19. По настапувањето на смртта и подготовка на телото согласно протоколите за заштита од Ковид 19, веднаш се повикува Јавно комунално претпријатие на општината или Бутел-погребен сервис АД Скопје за Град Скопје на кои им се предава телото. Погребалните претпријатија, а не болниците, го доставуваат телото на семејството и го организираат погребот.





