MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Меси дебитираше за ПСЖ, но доби овации од целиот стадион во Ремс

29/08/2021 21:55

Парижаните добро го започнаа натпреварот и поведоа во 16. минута кога Ди Марија брилијантно го ангажираше Мбапе, кој погоди за 1:0.

Мбапе беше во центарот на вниманието и во 64. минута. Хакими направи одлично додавање десно и го ангажираше Мбапе кој повторно ја затресе мрежата на Ремс.

Но, само една минута подоцна се случи она што сите го чекаа сите со недели.

Имено, Маурисио Покетино од клупата го повика Лионел Меси, кој дојде на теренот наместо Нејмар и со тоа дебитираше за ПСЖ.

Иако ПСЖ играше на гости, Меси доби овации и од домашните и од гостинските навивачи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!