MKinformer

your daily dose of news

Се свршија Крис Мартин и Дакота Џонсон

14/11/2021 18:18

Поранешниот сопруг на Гвинет Палтроу, Крис Мартин, се сврши со ќерката на Мелани Грифит и Дон Џонсон, Дакота Џонсон.

Според магазинот „ОК!“, фронтменот на „Колдплеј“ ја запросил актерката на крајот на октомври, а нивната венчавка ќе се случи некаде на почетокот на 2022 година.

За Дакота ова ќе биде прв брак, додека Крис беше во брак со Палтроу десет години. Крис и Гвинет имаат две деца, Епл и Мозес, и иако нивната врска пропадна, останаа добри пријатели.

error: Содржината е заштитена од копирање !!