(Видео) Забегана работа…: Австралиски водители се фатени како го навредуваат Ѓоковиќ
11/01/2022 13:38Во пауза меѓу снимање вести, двајца водители на австралиската ТВ7 се фатени како го навредуваат Новак Ѓоковиќ кој последните денови е во центарот на вниманието на светската јавност, не само спортска.
Водителката зборува со својот колега на кого за Србинот му кажува највалкани работи и гадни навреди.
https://twitter.com/i/status/1480857722916540420
„Кога ќе погледнеме се, Новак Ѓоковиќ е лажлив, валкан се*ко. Како и да видиш, невозможно е само тој да е во право. Не одиш наоколу ако си позитивен, тоа го излажал, сигурно е во прашање лажен тест. И потоа отишол во Шпанија, а од се ќе успее да се извлече“, вели таа.
Ѓоковиќ успеа да победи на суд, неговото име е во ждрепката за Австралијан Опен и најверојатно во Мелбурн ќе се бори за десеттата титула на овој турнир.





