MKinformer

your daily dose of news

ПУKAЊЕ ВО КАПИШТЕЦ: Огpaбена експозитура на Тутунска Банка

08/03/2022 14:14

Денеска напладне во експозитура на банка во центарот на Скопје вооружени лица одзеле пари од вработените во банка, а едно од лицата пукало.

Грабежот бил причина за засиленото полициско присуство меѓу скопските населби Центар и Капиштец.

„На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одзеле пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Оттаму најавуваат повеќе информации за подоцна.

Претходно на социјалните мрежи се ширеше вознемирувачка фотографија и информација дека се врши претрес на секое возило кое се движи во правец од Водно кон црквата Св. Јован во Скопје.

Претресот го вршат повеќе полициски службеници вооружени со автоматско оружје Калашников, а граѓаните се преплашени.

Улицата на која се врши претресот е Загребска во населба Капиштец, на границата помеѓу оштина Центар и Карпош.

error: Содржината е заштитена од копирање !!