MKinformer

your daily dose of news

KУРТИ: Србија да ги отстрани воените бази околу Косово

10/07/2024 6:49

Меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија за да бидат отстранети воените бази околу Косово бара косовскиот премиер Албин Курти.

Тој во интервју за Си-Ен-Ен, рече дека Србија е „многу агресивен сосед“ и дека „чека можност да влезе во Косово“, а тоа треба да го спречат западните партнери, пренесе Нова.рс.

„Околу границата има 48 оперативни бази кои чекаат можност. Она што го бараме од западните партнери е притисок врз Белград да ги повлече овие бази, од кои секоја има по 50-150 војници“, рече Курти.

Тој оцени дека Србија и Русија се слични поради заедничкиот интерес и желбата да ги прошират своите територии.

error: Содржината е заштитена од копирање !!