НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА УШТЕ ЕДЕН РУСКИ ГЕНЕРАЛ, ТРЕБАЛО ДА СЕВЕДОЧИ ВО ГОЛЕМ КОРУПЦИСКИ СКАНДАР
10/07/2024 6:55Рускиот генерал Магомед Хандаев (61) познат уште и како Генералот на Путин, за кој се верува дека бил клучен сведок во големиот корупциски скандал што го зафати руското Министерство за одбрана, ненадејно почина.

Магомед Хандаев (61) беше началник на Дирекцијата за државни експертизи на руското Министерство за одбрана. Тој беше подреден на заменик министерот за одбрана Тимур Иванов (48), кој беше уапсен под сомнение за корупциски шеми вредни 9 милиони фунти и останува во притвор.
Хандаев се сметаше за важен сведок во корупцискиот скандал што го погоди Министерството за одбрана. Неговата смрт е последната во низата необјаснети смртни случаи на водечки руски личности од почетокот на војната во Украина.
Претходно беше генерален директор на Главната дирекција за специјална градба.

![ЕДЕН ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ГО ПРОМЕНИ МИСЛЕЊЕТО НА ТРАМП ЗА ПУТИН: Како Трамп од нема оружје за Украина стигна до испорака на ракетите „Патриот“ tramp[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/tramp1.jpg)




