MKinformer

your daily dose of news

ПО ФРЧКОВСКИ И АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ ПОВИКАН НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР

27/07/2024 9:12

Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски е повикан на консултации во МНР, потврдуваат од МНР.

Повикот му бил упатен денеска, но причините се уште не се откриваат.

Се очекува Жерновски наредните денови да допатува од Букурешт во Скопје и да седне на консултации со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Жерновски на амбасадорското место во Романија замина во октомври лани, а пред да седне во амбасадорското столче ја извршуваше функцијата заменик минситер за надвоешни работи. Освен Жерновски, на консултации во МНР беа повикани и амбасадорот во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски, како и македонскиот амбасадор во Рим, Весел Мемеди .

error: Содржината е заштитена од копирање !!