ПРИВЕДЕН МАЖ ОД РАДОВИШКО КОЈ ПРИЗНАЛ ДЕКА ПОДМЕТАЛ ПОЖАР
31/07/2024 16:38
Лицето било приведено и во службен разговор признало дека ги сторило кривичните дела по што било задржано во полициската станица во Радовиш.
Маж од радовишкото село Али Коч вчера е уапсен поради подметнување пожар во близина на селото, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од Територијалната противпожарна заштита од Радовиш вчера пријавиле во Одделението за внатрешни работи дека околу 12 часот на две места во близина на селото Али Коч настанале пожари во кои горела дабова шума.
Полициските службеници, по преземените мерки, утврдиле дека лицето С.Р. од истото село ги подметнало пожарите. Со тоа, како што велат од МВР, мажот сторил две кривични дела и тоа за предизвикување општа опасност и предизвикување шумски пожар. Лицето било приведено и во службен разговор признало дека ги сторило кривичните дела по што било задржано во полициската станица во Радовиш.
Од радовишката полиција велат дека по документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство Струмица ќе поднесат соодветна кривична пријава.




![Состојба со пожарите за 24/25.07.2025 до 08:00 часот, активни 7 пожари pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)
