MKinformer

your daily dose of news

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС УТРОВО НА ХАЛКИДИКИ

07/08/2024 9:05

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција.

Земјотресот е регистриран во 7 часот и 19 минути на длабочина од три километри, во близина на Света Гора на Халкидики.

Земјотресот е регистриран во Егејското Море, на 113 километри од Солун.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Според очевидци на веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и на островот Тасос.

error: Содржината е заштитена од копирање !!