MKinformer

your daily dose of news

Почина Игор Југ, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година

07/02/2025 11:01

Игор Југ, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, почина синоќа на 54-годишна возраст. Според информациите потврдени за „360 степени“ од директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, Југ починал дома. Во изминатиот период, Југ беше на прекин од издржување на затворската казна поради сериозно нарушено здравје.

„Југ почина во семејниот дом за време на прославата на роденденот на својата ќерка“, изјави Пандов.

Игор Југ издржуваше 12-годишна затворска казна за настаните од 27 април 2017 година и упадот во Собранието, при што помина осум години во затвор. Во последните месеци, тој бараше повторување на судската постапка, тврдејќи дека пресудите се неправедни и дека никој од осудените не бил терорист ниту пак, сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!