ВИДЕО: Кинеската технологија е чудо, роботи сами асфалтираа автопат долг 158 километри
07/02/2025 20:31
Напредокот во светот на технологија кој го демонстрира Кина е навистина на завидно ниво. Во текот на вчерашниот ден во Кина роботи сами асфалтираа 158 километри автопат. Во градежните работи не беше вклучен ниту еден човек.
Проектот е дел од автопатот Пекинг-Хонг Конг, а користени се напредни машини на компанијата „Сани Груп“, со што е постигната милиметарска прецизност, пишува „Д Економик тајмс“
Автоматизираните возила дистрибуираа камен и песок, по што автономните валјаци вршеа притисок за да обезбедат воедначена и издржлива површина на патот. Дронови го следеа напредокот на изградбата за да се задржи топографската точност.
Според извештаите, роботскиот пристап резултирал со побрза градба и поквалитетни резултати во споредба со традиционалните методи. Успехот на овој проект покажува дека роботите би можеле да играат сè поважна улога во идните инфраструктурни проекти.






