MKinformer

your daily dose of news

Традиционални празнувања на љубовта и лозарството во Кавадарци и Македонија

14/02/2025 17:02

Централната манифестација традиционално се одржа во Кавадарци, каде лозовите гранки беа полеани со вино и ракија и осветени, што ја означи почетокот на новата лозарска сезона. Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, изрази желба дека празникот ќе се слави и во иднина, а младите генерации ќе покажат поголема посветеност на лозарството и земјоделството.

Министерството за земјоделство на денешниот празник додели 5,2 милиони евра субвенции на 11.689 лозари низ целата држава за производството на грозје во 2024 година. Министерството за култура исто така најави унапредување на винскиот туризам.

Симболизирајќи љубов, многу од помладата генерација, како и Католиците, го слават Валентајн, или Денот на вљубените, со подароци како цвеќиња, чоколади, плишани мечиња и други дарови. Од друга страна, граѓаните кои ги анкетиравме во најголем број го слават св. Трифун, но велат дека денот нуди убава можност за младите да ја искажат својата љубов.

  • Најверојатно св. Трифун, традицијата е наша, треба да го славиме нашето. Јас немам ништо против љубовта и св. Валентин, тоа е убав повод да ја искажеш љубовта, така што можеме да ги славиме и двата празника. Што се однесува до славите, не сме многу ограничени.

  • Св. Трифун, ние сме Македонци и Православци. Валентајн е западен празник, кој навлезе, младите го слават, им е убаво, се изразуваат љубовта, но сепак, св. Трифун.

Денот на вљубените традиционално ги наполни цвеќарниците, а цените на букетите се движат од 300 до 3000 денари, зависно од видот и големината. Цвеќарите кои не сакаа да говорат пред камерите, велат дека иако цените се минимално зголемени, прометот на овој ден останал стабилен.

error: Содржината е заштитена од копирање !!