MKinformer

your daily dose of news

Нови големи апсења утрово за трагичниот пожар во Кочани

12/04/2025 12:28

Во рамките на истрагата за трагичниот пожар во Кочани, при кој загинаа 61 лице, полицијата изврши нови апсења. Според информации од извор во истрагата, приведените се поранешни министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, членови на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу. Во групата осомничени е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН.

Истрагата се проширува, а на листата на нови осомничени има 23 лица. Деветнаесет од нив се приведени или се на пат да бидат приведени, додека за еден од нив, Дритон Кучи, поранешен министер за економија и амбасадор на Македонија во Норвешка, се утврди дека не е во земјата.

Според нашите извори, истрагата укажува на можен линк помеѓу Министерството за економија и ДЗС, но не и со раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во периодот од 2012 година до денот на трагичниот пожар во кабаре „Пулс“ во Кочани.

Сите поранешни министри за економија и директори на ДЗС, кои биле на чело на овие институции од 2012 година па до денес, се дел од групата осомничени. Иако актуелниот министер за економија, Бесар Дурмиши, не е осомничен, истрагата продолжува.

Основното јавно обвинителство во Кочани води истрага за пожарот кој се случи на 16 март во кабаре „Пулс“. Истрагата е проширена и во моментов вклучува 27 физички лица и три правни лица.

error: Содржината е заштитена од копирање !!