MKinformer

your daily dose of news

Администрацијата на Трамп предлага такса од 70.000 долари за странски студенти кои сакаат да работат во САД

08/10/2026 9:00

Такса од 70.000 долари за странски студенти предлага администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за оние кои сакаат да работат во САД преку програмата за практична обука.

Предлогот го подготви американското Министерство за внатрешна безбедност, а се однесува на програмата Optional Practical Training – OPT.

Оваа програма им овозможува на странските студенти да работат на позиции поврзани со нивната област на студирање, за време на студиите или по дипломирањето.

70.000 долари за секоја првична пријава

Според предложеното правило, универзитетите и другите високообразовни институции би плаќале 70.000 долари за секоја првична пријава на студент во програмата OPT.

За продолжување на дозволата би се плаќале дополнителни 30.000 долари.

Мерката засега е само предлог и не е стапена во сила.

Таа треба да биде отворена за јавни коментари во период од 60 дена.

Студентите можат да работат и по дипломирањето

Странските студенти вообичаено можат да работат една година по завршувањето на студиите преку OPT.

За студентите од областите на науката, технологијата, инженерството и математиката постои можност за дополнителни две години.

Програмата е важен канал преку кој меѓународните дипломци стекнуваат работно искуство во САД.

Администрацијата тврди дека сака да спречи злоупотреби

Од Министерството за внатрешна безбедност тврдат дека новите такси се потребни за спречување измами и злоупотреби.

Администрацијата ја критикува програмата и како механизам преку кој компаниите можат да добијат поевтина странска работна сила.

Критичарите на предлогот, пак, предупредуваат дека толку високата такса може практично да ја направи програмата недостапна.

Универзитетите предупредуваат на последици

Од здружението НАФСА предупредуваат дека ограничувањето на работните можности за странските студенти може да влијае врз американските иновации и економската конкурентност.

Особено значење странските дипломци имаат во технолошките и научните професии.

Имиграциски експерти оценуваат дека мал број универзитети би можеле да издвојуваат по 70.000 долари за секој студент.

Бројот на странски студенти веќе се намалува

Предлогот доаѓа во период кога американските власти веќе воведуваат построги правила за дел од студентските и имиграциските програми.

Според податоците наведени од „Пи-би-ес њуз“, бројот на новозапишани странски студенти

error: Содржината е заштитена од копирање !!