Легендите на Македонија со победа во хуманитарниот меч против Бугарија во Варна
27/04/2025 21:38
Во прекрасно фудбалско попладне исполнето со емоции, солидарност и спортски дух, денеска во Варна се одигра хуманитарен натпревар помеѓу легендите на Македонија и Бугарија. Целокупниот приход од натпреварот е наменет за семејствата на загинатите и повредените во неодамнешната трагедија во Кочани.
Иако резултатот беше во втор план, натпреварот понуди вистинско шоу за љубителите на фудбалот. Македонија славеше победа со 2:3 на гостински терен, со головите на Валери Божинов, Горан Пандев и Дарко Тасевски. За домашниот тим погодија Камбуров и Михтарски.
На теренот заедно блеснаа некои од најголемите имиња од двете земји, меѓу кои и легендарните Горан Пандев и Христо Стоичков, кои со своето присуство и игра повторно потсетија на славните денови на балканскиот фудбал.
„Ви благодариме за гостопримството. Имаме многу заеднички спомени. Фудбалот обединува,“ изјави Горан Пандев по натпреварот, испраќајќи силна порака за заедништво и хуманост.
Настанот беше доказ дека спортот има моќ да ги обедини луѓето и да понуди надеж, дури и во најтешките моменти. Честитки за организацијата и за сите учесници во овој настан, со надеж дека во иднина ќе има сè повеќе вакви хуманитарни иницијативи – но по повод убави нешта.
БРАВО за Бугарија и БРАВО за Македонија!



![Фудбалска солидарност: Против Велс со 18.000 продадени билети, а приходот ќе оди за повредените од Кочани Navivaci-makedonska-reprezentacija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/Navivaci-makedonska-reprezentacija1.jpg)
![Горан Пандев дoнece oдлyкa - ќe игpa yштe eднa гoдинa pandev-inter[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/04/pandev-inter1.jpg)


