MKinformer

your daily dose of news

Кси Џјинпинг: односите помеѓу Кина и Русија поцврсти и поотпорни во Новата епоха

08/05/2025 20:11

Кинескиот претседател Кси Џјинпинг денес, одржа разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, по церемонијата за добредојде што ја организираше Путин.

Кси рече дека Кина е подготвена да соработува со Русија за да го заштити авторитетот и статусот на Обединетите нации и решително да ги брани правата и интересите на двете нации, како и на земјите во развој, во услови на унилатерализам и хегемонистичко однесување.

Кина и Русија континуирано ја продлабочуваат политичката меѓусебна доверба и стратешката координација, одржуваат тесна координација и соработка во полето на меѓународните односи, внесувајќи стабилност и позитивна енергија во променливиот и турбулентен свет, додаде претседателот Шји.

Путин ја поздрави посетата на Шји како многу значајна, велејќи дека таа дополнително ќе ги зајакне билатералните односи и ќе придонесе за зачувување на тешко постигнатите резултати од Втората светска војна. Путин, исто така, го критикуваше воведувањето високи царини, нарекувајќи ги и бесмислени и нелегални, предупредувајќи дека таквите дејствија на крајот ќе имаат сосема спротивен ефект.

По разговорите, двајцата лидери потпишаа заедничка изјава за понатамошно продлабочување на сеопфатното стратешко партнерство за координација меѓу Кина и Русија во Новата епоха.

error: Содржината е заштитена од копирање !!