MKinformer

your daily dose of news

(Видео)НА ДЕНЕШЕН ДЕН 2002 ГОДИНА КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СТАНА ЕВРОПСКИ ШАМПИОН

19/05/2025 8:42

19 мај 2002 е испишан во македонската ракометна историја. На денешен ден, пред 23 години, Кометал Ѓ.П. стана првак во Лигата на шампионите, ја донесе првата европска титула во нашата земја.

На овој ден тимот од Ѓорче Петров, во натпревар за титула го совлада Херц 26-22 тимот беше предводен од Кастратовиќ, Малахова, Бујанова, Платон, Велкова, Нацева, Дину, Будимир…

Кометал Ѓ.П. во преполнетата сала на СРЦ „КАЛЕ“ одигра маестрално и дојде до европскиот врв, ја анулира негативата од два гола во Унгарија (27-25) и дојдоа до успех кој сите се уште го паметиме, успех кој донесе огромна радост во Македонија, славје на улициите и плоштадот во Скопје.

За жал Кометал во 2010 година официјално згасна, но резултати и спомените кои ги остави засекогаш ќе останат во нашите срца и ќе бидат врежани во македонската спортска историја.

error: Содржината е заштитена од копирање !!