MKinformer

your daily dose of news

БОБАН ИЛИОСКИ ЈА ОДБРАНИ СВЕТСКАТА ТИТУЛАТА ВО К1: Победа со технички нокаут

25/05/2025 10:15

Најдобриот македонски спортист за 2024 година, Бобан Илиоски, успешно ја одбрани светската титула во кик-бокс (К1) во категоријата до 88,6 килограми под закрилата на ВАКО Про.

Во синоќешниот меч одржан во Женева, Швајцарија, Илиоски го победи Французинот Кадри Мурсели со технички прекин во втората рунда. Победата е уште повредна ако се земе предвид дека настапил и покрај тоа што имал повреда.

Со овој успех, младиот македонски кик-боксер продолжува со импресивната серија на победи, откако минатата година во Скопје го совлада Турчинот Берк Дузенли со резултат 2-1.

error: Содржината е заштитена од копирање !!