MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Ескалираа препукувањата меѓу Арсовска и Ганиу, ѓубрето од Чаир заврши пред седиштето на Град Скопје

29/05/2025 10:07

Доцна синоќа, граѓани од Чаир предводени од градоначалникот Висар Ганиу, пристигнаа пред седиштето на Град Скопје, каде исфрлија еден камион полн со ѓубре, кое претходно го собраа од улиците на Старата Чаршија.

Акцијата претставуваше протест против, како што велат, негрижата на градските власти и блокадата со која се соочува општината во делот на одржување на јавната чистота.

На местото на настанот брзо пристигна и полиција, која интервенираше и ги растера присутните граѓани. Настанот помина без посериозни инциденти.

error: Содржината е заштитена од копирање !!