(Фото) Вардарци+Комити = совршенство за рекорден 17-ти Куп трофеј!
02/06/2025 8:59
Екипата на Вардар го освои 17. трофеј во Купот на Македонија и стана недопирлив за сите останати тимови.
Вчера „црвено-црните“ беа далеку подобри од својот најголем конкурент Пелистер, ја имаа контролата во текот на целиот меч, на крилата на своите навивачи победнички чекореа кон пехарот во Купот на Македонија.
Со оваа победа Вардар најави дека сега е голем фаворит за победата во Скопје, овој пат за шампионската титула и решавање која екипа ќе ја претставува Македонија во новата сезона во Лигата на шампионите.






