MKinformer

your daily dose of news

Трамп забрани влез во САД за државјани на 12 земји

05/06/2025 10:11

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша проглас со кој се воведува забрана за влез во САД за граѓани од 12 земји, со образложение дека се работи за мерка насочена кон заштита од „странски терористи“ и други безбедносни ризици.

Оваа забрана е дел од пошироката имиграциска политика што Трамп ја води во својот втор мандат, која веќе вклучи депортација на стотици граѓани на Венецуела осомничени за припадност во банди и ограничувања за некои странски студенти.

Земјите на кои им е целосно забранет влез се: Авганистан, Мјанмар, Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен.

Дополнително, делумни ограничувања ќе важат за Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела.

„Ќе ја заштитиме нашата земја од оние кои сакаат да ни наштетат“, изјави Трамп преку видео порака објавена на социјалната мрежа „Икс“, додавајќи дека списокот на земји може да се прошири со текот на времето.

error: Содржината е заштитена од копирање !!