MKinformer

your daily dose of news

КИНЕСКИТЕ ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ ПОРАСНАА НА 3.28 ТРИЛИОНИ АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ

08/06/2025 21:54

Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони американски долари на крајот на мај 2025 година, што претставува зголемување од 3,6 милијарди долари или 0,11 отсто во споредба со крајот на април, покажуваат податоците на Државната управа за девизен надзор.

Според Меѓународното кинеско радио (ЦРИ), комбинираните ефекти од валутните курсеви и промените во цените на активите придонеле за растот на девизните резерви во мај.

Кинеската економија продолжува да се опоравува и да се подобрува, а квалитетот на економскиот развој постепено се унапредува, што обезбедува стабилност на девизните резерви на земјата, соопшти Управата.

Инаку, Кина ги поседува најголемиети девизни резерви во светот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!