MKinformer

your daily dose of news

(Фото) На ѕидот на спортската сала во средното училиште „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово е нацртан голем мурал со ликот на фудбалерот Недим Бајрами

15/06/2025 18:06

На ѕидот на спортската сала во средното училиште „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово е нацртан голем мурал со ликот на фудбалерот Недим Бајрами. Роден во Швајцарија, Бајрами игра за Глазгов Ренџерс и за репрезентацијата на Албанија. Неговиот татко по потекло е од Тетово, а мајка му е од Гостивар.

Општина Тетово, која беше организатор на промоцијата, во поканата за настанот назначи дека „на Бајрами му се изразува посебна благодарност за достигнувањата и достоинствено претставување на нашата земја“.

Фото: Општина Тетово
error: Содржината е заштитена од копирање !!