MKinformer

your daily dose of news

Срам за ФИФА: На натпревар на клупскиот Мундијал немаше 100 навивачи!

18/06/2025 12:55

Светското клупско првенство кое се игра во САД за прват во нов формат, барем на почетокот не изгледа како полн погодок на ФИФА.

Најголем проблем на Светската фудбалска организација е слабата посетеност на натпреварите, голем број екипи играат пред полупразни трибини.

Така во еден момент непосредно пред почетокот на натпреварот кој се играше изминатата вечер помеѓу јужноафриканскиот Мамелоди и јужнокорејскиот Услан на трибините имало само 97 навивачи.

Кога е резултатот во прашање, Мамелоди славеше победа од 1-0 и така на најдобар начин го стартуваше турнирот. Одлучувачкиот гол го постигна Рејнерс во 36. минута.

error: Содржината е заштитена од копирање !!