Мицкоски: Никогаш нема да дозволам Македонија да биде понижена
24/06/2025 9:16
Премиерот Мицкоски синоќа се осврна и на оние кои велат дека Македонија била понижена.
Тоа се истите оние коишто сменија име, направија договор со Бугарија, кои ја пљачкаа и се потпишуваа на било што и било сешто им беше поставено на маса. Нема никогаш повеќе немаа да дозволам да биде понижена, зошто тоа време заврши, рече синоќа Мицкоски на една година од владата.
Тој оцени дека оваа година беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација.
Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат на Македонија, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст.
Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на секој еден од вас допрва доаѓа! Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога заедничка Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, ќе се издигне посилна и посветла од кога било. Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе постојат како нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна и заложби, рече Мицкоски.





